Никол Егерт, 51-годишната ѕвезда на хит-серијата „Baywatch“ откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран крибриформен карцином во втор стадиум.
Таа изјавила за „People“ дека мислела дека нејзините симптоми се знаци на менопауза, додавајќи дека за 3 месеци се здебелила 11 килограми и дека во октомври почувствувала „ужасна болка“ во левата дојка.
Откако открила грутка во текот на прегледот, Никол ѝ се јавила на докторката.
„Навистина пулсираше и болеше. Веднаш отидов кај мојот општ лекар, а таа ми рече дека морам веднаш да направам медицински преглед“, раскажала Егерт.
Иако мамографскиот преглед и трите биопсии потврдиле дека има рак на дојка, таа сè уште не знае дали болеста се проширила и на другите делови од телото. Мајката на две деца ќе мора да оди на операција и моментално чека онкологот да одреди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.
„Прашањето е дали треба да се лекувам пред операцијата или тие прво треба да ја направат операцијата за да можам да го продолжам лекувањето“, објаснила Егерт.
Сепак, нејзиниот „најголем страв“ е губењето на ќерките Киган (12) и Дилин (25), пренесува „Page Six“.
„Дилин е возрасна, но јас имам 12-годишна ќерка на која сум ѝ единствен старател. Јас немам семејство. Немам ништо“.
Дополнително, Егерт се присетила на „ужасот“ на лицето на Киган кога ѝ ја соопштила својата дијагноза. Тогаш сфатила дека „нема препуштање на болеста“.
„Ова е нешто низ кое треба да поминам. Ова е нешто што морам да го надминам. Ѝ требам повеќе од сè и секого“, изјавила таа.
Егерт, исто така, им открила на слушателите на поткастот „Perfectly Twisted“ дека секој декември оди на годишна мамографија, но исто така открила дека „жали што ги вградила имплантите“.
Инаку, продуцентот на „Baywatch“, Мајкл Берк, претходно тврдел дека Егерт за време на снимањето на серијата во 90-те ги зголемила градите за да „биде во чекор“ со нејзината „надарена“ колешка Памела Андерсон.
Една од пријателките на Никол, Минди Молинари, креирала страница на „GoFundMe“ за да ѝ помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.
„Егерт е упорна и секогаш наоѓала начини да се снајде, но ова е поинаку“, објаснила Молинари.
Следете не, не има насекаде