ноември 24, 2024

Јосип Брекало денеска треба да стане играч на Динамо, пренесува добро информираниот весник од Фиренца Ла Национе. Синоќа во Купот на Италија против Болоња, Брекало остана цел натпревар на клупата, иако Фиорентина има големи проблеми со повредите и заминувањето на крилните играчи на Африканскиот куп на нации.

“На Фиорентина и треба играч на крилната позиција, но Брекало ќе си замине во следните неколку часа. Брекало оди во Динамо Загреб. Со денови е сигурно. Тој оди на позајмица со опција за откуп на договорот”, тврдат Италијанците.

Брекало во Фиорентина заработува 1,7 милиони евра по сезона. Да оди на позајмица до лето, Динамо би му платил нешто помалку од тоа што му го плаќа Фиорентина. Брекало би заработувал 100 илјади евра месечно во Динамо, а бара и бонус за евентуална титула во лигата. Брекало би го чинел Динамо околу 600.000 евра до крајот на сезоната и до 700.000 доколку ја освои титулата.

Брекало, 25-годишниот крилен напаѓач, сезонава за Фиорентина забележа 16 настапи и постигна еден гол. На почетокот на сезоната имаше солидна минутажа, но во последно време најмногу седи на клупата. Брекало сака да го промени клубот за да му се наметне на селекторот Златко Далиќ пред Европското првенство.

Брекало забележа 11 настапи и еден гол за првиот тим на загрепскиот клуб пред да замине во Волфсбург во 2016 година како 18-годишник за десет милиони евра. Тој беше член на германскиот клуб до јануари оваа година, со тоа што во меѓувреме беше на позајмица во Штутгарт и Торино.

Текстот Италијанските медиуми: Готово е, Брекало денеска оди во Динамо е превземен од МАКФАКС.

The post Италијанските медиуми: Готово е, Брекало денеска оди во Динамо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK