Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, ќе потпише нов, осумгодишен договор со Хит вреден 120 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.
Сполстра на тој начин ќе го продолжи долгогодишниот мандат на клупата на тимот од Флорида, каде што е од 1995 година, кога беше задолжен за видео анализа во стручниот штаб на Пет Рајли.
Тој мина 13 години во стручниот штаб на Рајли, а потоа го замени и стана прв тренер во 2008 година.
Во меѓувреме, тој се профилираше како еден од најдобрите и најуспешните тренери во НБА, и воопшто во професионалниот спорт во САД, а новиот договор само ја покажува заедничката желба да продолжи оваа плодна соработка.
Мајами е единствениот клуб каде Сполстра работел во својата кариера.
Со Хит двапати беше шампион и шест пати го водеше тимот до финалето.
Во најсилната лига само Грег Попович со 19 милиони годишно е повеќе платен од Сполстра.
Со 725 победи, тој е 19. најуспешен во историјата на НБА, а е петти на сите времиња според бројот на победи во плејофот (109).
The post Сполстра доби нов договор од Мајами Хит appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде