ноември 24, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски денеска за прв пат се огласи во јавноста за инцидентот со тепањето на контролори во македонски навигации (М-НАВ) во четвртокот и рече дека работењето на синдикатот на контролата на летање ќе биде разгледан од Државниот инспекторат за труд, а ќе има и посебен извештај од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

– Тоа е семејна фирма со вработени до трето колено. Кога ќе земете претседател на синдикат – он работи таму, татко му, брат му работи. На крај станале семејство во кое има конфликти кои обично се случуваат по дома кај луѓе. Треба да се испита начинот на кој ги прават конкурсите и критериумите на селекција на кандидати да не се случи некој кандидат да добие готови тестови. Премногу случајности има за да бидат случајности, рече Ковачевски.

Во овој случај премиерот конкретно мислеше на првиот синдикалец Александар Тасевски кој минатата недела ја алармираше јавноста дека се вработуваат контролори без дсоодветно знаење, по што луѓе на ДУи упаднаа во контролата и ја загрозија безбедноста во авиосообраќајот.
Владата вчера му препорача на надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје на позицијата Претседател на Управен одбор и извршен директор да го го именува Хекуран Асани, на местото на Фахрудин Хамиди.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK