септември 19, 2024

Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари ќе пропушти уште две недели поради повреда на рамото, потврдија од клубот.

На 14 декември, Кари претрпе делумна дислокација на левото рамо на натпреварот против Индијана Пејсерс.

МВП-то на минатогодишното финале во НБА-лигата има просек од 30 поени, 6,6 скока и 6,8 асистенции по натпревар, а претходните четири натпревари ги пропушти поради повреда.

Голден Стејт соопшти дека прегледот покажал дека опоравувањето оди добро, а следниот преглед ќе биде за две недели.

На Вориорс не им оди оваа сезона со оглед на тоа што се само 11. место со скор 15-18.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK