мај 3, 2026

Брод во американска сопственост е погоден со проектил во близина на брегот на Јемен!

Британската војска потврди дека бродот бил погоден.

Се зборуваше дека познатиот ѓердан кој Арган ѝ го подарил на Цеца бил украден: По 25 години, оваа жена ја откри шокантната вистина

Надалеку е познато дека Аркан бил голем џентлмен, и дека цело време ја опсипувал Цеца со подароци, но едно ланче предизвика многу шпекулации. За љубовта меѓу Цеца и …
Моќните во Давос зборуваат за „Болеста Х“! 20 пати посмртоносно од корона, СЗО издаде алармантно предупредување!

На Светскиот економски форум, кој се одржува во швајцарскиот град Давос од 15 до 19 јануари 2024 година, планирано е да се разговара за „Болеста Х“, која може …

Операции за поморска трговија на Обединетото Кралство (УКМТО) објави дека инцидентот се случил на околу 95 наутички милји југоисточно од Аден.

Според УКМТО, проектилот ја погодил левата страна на бродот.

Засега не се знае кој стои зад нападот.

Приватната разузнавачка фирма Амбри рече дека проектилот погодил товарен брод во сопственост на САД кој пловел под знамето на Маршалските Острови.

Во средината на ноември, да потсетиме, шиитското паравоено движење Хути, кое владее со северен Јемен, почна да ги напаѓа бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море како поддршка на Палестинците во Појасот Газа.

Ова предизвика пад на бродскиот сообраќај низ Суецкиот канал.

САД и Велика Британија во петокот вечерта започнаа операција против движењето со изведување воздушни напади. Хутите ветија дека во иднина ќе извршат одмазднички напади врз американските и британските воени бази и објекти.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK