мај 3, 2026

Македонската заедница во Австралија со загриженост пренесува шокантна информација од годинашниот Австралија Опен на кој на листата на забранети знамиња е и македонското државно знаме.

Организаторот на првиот грандслем турнир годинава донел одлука со забрана за внес на одредени знамиња на трибините, а реализаторите на ТВ-преносите добиле листа со знамиња кои не смеат да се прикажуваат за време на преносите во живо. Крајно зачудувачки на таа листа, првпат, е и македонското државно знаме!?
Покрај македонското знаме во групата се уште руското, белоруското, палестинското и израелското, од оние државни знамиња како и знамиња кои поврзуваат национална припадност.

Директорот на турнирот Крег Тајли една недела претходно изјави дека палестинските и израелските знамиња ќе бидат забранети поради актуелната војна на Блискиот Исток. Забраната за руски и белоруски знамиња, пак, поради војната во Украина е актуелна уште од 2022 година.

Меѓутоа, крајно зачудувачка е забраната за македонското државно знаме! Од Македонската заедница информираат дека ‘знаат за забраната за македонското знаме со сонцето од Кутлеш’ поради постојаните протести од страна на грчката заедница, но навистина е зачудувачки што на таа листа е и македонското државно знаме. Не е никаква тајна дека изминативе години голем број Македонци со македонски државни знамиња даваа поддршка во Мелбурн на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Од Македонската заедница во Австралија очекуваат на сето ова да реагира и Министерството за надворешни работи од нашата земја.
Извор: Екипа.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK