мај 4, 2026

Бугаринот Виктор Стојанов на Фејсбук објави фотографии од неколку македонски политичари, актуелни пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и останати партии за кои тврди дека имаат бугарски пасоши.

На колажот објавен на Фејсбук Стојанов вели дека бугарски пасоши имаат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски, пратеникот и член на ИК Антонио Милошоски, советничката во Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, претседателот на Македонски Концепт, Петар Богојески и претседателот на Социјалистичката партија и пратенинк во македонското Собрание, Љупчо Димовски.

15.јануари.2024Поранешен врховен командант на НАТО: Ова се три сценарија за крај на војната

Филип Бридлав, поранешниот врховен командант на силите на НАТО во Европа, ги …
15.јануари.2024МАРИЈАНА МАТЕУС ЛУМПУВАЛА СО ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ ВО кафана: Со длабоко деколте и гол стомак му пркоси на минусот, мажите на апарати!

Според неа, тоа била ноќ за паметење. Маријана Матеус , поранешната сопруга на …

Претходно во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс, Петар Богојески нагласи дека нема, ниту некогаш имал бугарски пасош.

Од останатите гореспоменати побаравме одговори дали имаат бугарски пасоши.

Пратеникот Милошоски ни испрати негово старо телевизиско гостување каде вели дека немал и нема намера да има бугарски пасош.

Сите останати не одговорија на нашето прашање.

Претходно, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во „Тешки муабети“ откри дека Каракачанов, во одговор на прашање на Инфомакс рекол дека дваесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ веќе имаат бугарски пасоши.

Бугарија претходно во прво читање усвои Закон со кој ќе се објават сите лица кои стекнале бугарско државјанство во последните 22 години. Таквата листа се уште не е објавена, но сигурно ќе биде интересно да се гледа кој се од функционерите има бугарски пасош во Македонија.

ИЗВОР:ИНФОМАКС

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK