Пејачката и актерка Селена Гомез прошета на црвениот тепих на доделувањето на Еми наградите и сите погледи беа вперени во неа. Модните критичари се воодушевени од фустанот на Селена, а очигледно е дека актерката блеска од самодоверба.
Селена Гомез (31) избра фустан на Оскар де ла Рента направен исклучиво за неа, од проѕирни делови и форми кои наликуваат на цветни ливчиња.
Долгиот фустан без прерамки со длабоко деколте ја истакна нејзината фигура.
На „ливчињата“ на фустанот имало повеќе од 450.000 светкави украси, а Селена носи и ланче „Тифани“ со морганит од 35 карати, дијаманти и розови сафири, во платина и жолто злато. Морганит, инаку, е редок вид портокалов или розов скапоцен камен кој се здоби со популарност само во последните петнаесет години.
Актерката која неодамна објави дека има ново момче, носеше пунџа и кармин за да одговара на фустанот и дискретните сандали, а на црвениот тепих и се придружија познатите актери Стив Мартин и Мартин Шорт со кои игра во хит серијата “Only murders in the building”.
The post Селена Гомез блесна на црвениот тепих на доделувањето на ЕМИ наградите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
