мај 4, 2026

Каја Калас, премиерка на Естонија, смета дека Европа има три до пет години да се подготви за можна воена закана од Русија на источното крило на Северноатлантската алијанса.

Во интервју за британски Тајмс, Калас се осврна на проценката на естонското разузнавање, според која, во случај на хипотетичко примирје со Украина, на Русија и требаат три до пет години за да ја обнови воената закана на границата на источниот дел на НАТО земји членки.

Де Кро: Уште една „Америка на прво место“ ќе значи „Европа оставена сама“ 

– Ова е година кога нашите демократии и слободи ќе бидат ставени на тест, не само со изборите за овој дом, туку подеднакво и за Конгресот на САД …
Моќните решија да го згазат Трамп, следува брутален напад по убедливата победа на изборите во Ајова!

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можело да му се нареди да плати парична казна од повеќе милиони долари во втората граѓанска тужба поради наводното силување на …

„Нашето разузнавање проценува дека тоа е три до пет години и тоа во голема мера зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и ќе го задржиме нашиот став кон Украина. Затоа што она што го сака Русија е пауза, а оваа пауза е да ги собере своите ресурси и сила Слабоста ги провоцира агресорите па слабоста ја провоцира Русија“, рече таа.

Затоа, според естонскиот премиер, Западот треба да ја зголеми воената поддршка на Украина за да може да нанесе тежок удар и да ја лиши Русија од можноста со години да им се заканува на соседите.

Таа смета дека долгорочно НАТО мора да усвои стратегија за „одвраќање“ на Русија, по примерот на Студената војна, која предвидува зголемување на трошоците за одбрана на секоја земја-членка на најмалку 2,5 отсто од нивниот БДП.

„Русија никогаш не ја изгуби својата последна колонијална војна. Читав многу и се обидов да разберам како можеме да го прекинеме овој историски циклус. А клучен елемент за тоа е одговорноста. Тие никогаш не одговараа за злосторствата што ги направија“, нагласи Калас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK