септември 21, 2024

Бројни спортски ѕвезди ширум светот објавуваат фотографии за Божиќ со своите семејства, а посебно внимание привлече објавувањето на еден спортист.

Станува збор за Мик Шумахер, возачот на Формула 1, кој објави фотографија со неговата мајка Корина и сестрата Џина-Марија.

Неговата објава на Инстаграм набрзо беше прогласена за „најтажната фотографија од божиќната прослава“, а причината е јасна – во неа го нема неговиот татко Мајкл.

Легендарниот Мајкл на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа и повреда на главата додека скијаше на француските Алпи и оттогаш неговото семејство ја крие вистината за неговото здравје.

Оттогаш не се објавени фотографии од Мајкл, а така беше и овој пат.

Дваесет и тригодишниот Мик неодамна доби отказ од Хаас, но набрзо најде нова работа во Формула 1, и потпиша за Мерцедес, каде следната сезона ќе биде резервен возач.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK