Минатата година Софија Вергара и Џо Манганело ги изненадија сите со објавата дека се разведуваат по седум години брак.
Тие издадоа заедничко соопштение и истакнаа дека ќе останат пријатели, а понатаму не се огласуваа многу по тој повод. Таа сега раскажа и како се снашла со се што се случило подоцна.
„Тука сте, под будното око на јавноста, а луѓето знаат дека тоа е дел од нашата работа, нешто што доаѓа со тоа да се биде јавна личност. Знаев што ќе се случи. Таквите работи не можат да се сокријат“, изјави Софија за Си-би-ес Њуз.
Како што вели, медиумите биле љубезни кон неа и не пишувале разни лаги за разводот на неа и Џо.
„Не беше толку лошо. Морам да кажам дека медиумите беа полни со почит и многу фини. Мислев дека ќе се измислат многу работи, знаете како оди. Бев изненадена, но тие најмногу пишуваа што всушност се случило“, додаде Софија.
The post „Знаев што ќе се случи“: Софија Вергара откри што ја изненади најмногу по разводот со Џо Манганел appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
