септември 21, 2024

„За жал, сите празници оваа година имаат горчлив вкус за нас. И го чувствуваме традиционалниот дух на Божиќ поинаку“.

Украина ќе им ја врати слободата на сите мажи и жени во земјата, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски во предвечерието пред Божиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Некој ќе го дочека овој Божиќ во заробеништво, но нека се сети дека ние доаѓаме за нашиот народ, ќе им ја вратиме слободата на сите Украинци, мажи и жени“, рече Зеленски.

Тој упати божиќна честитка до православните христијани кои го одбележуваат Божиќ според западните обичаи. „За жал, сите празници оваа година имаат горчлив вкус за нас. И го чувствуваме традиционалниот дух на Божиќ поинаку“, рече тој.

Истакнувајќи дека војната против Русија во Украина трае веќе осум години, порача дека тие ќе продолжат да се борат за својата вера и слобода.

„Издржавме напади, закани, нуклеарни уцени, терор, ракетни напади. Да ја издржиме оваа зима бидејќи знаеме за што се бориме“, рече украинскиот претседател.

Тој порача дека солзите ќе бидат заменети со радост, надежта ќе дојде по очајот и смртта ќе биде поразена од животот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK