мај 4, 2026

Со сериозни проблеми се соочува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев откако Инфомакс објави дека општинат набавила механизација за бележење на хоризонтална сигнализација по цена неколку кратно поголема од онаа по која што истата се продава.

Општината Велес ја набавила машината за 2.596.000 денари или приближно 42 илјади евра иако истите машини можат да се најдат по цена од 2 до 3 илјади евра на интернет, што значи дека истото е платено 10 кратно повеќе. Соогласно документацијата машината ја набавува општината, а потоа истата ја дава на користење на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес.

Но проблемите за градоначалникот Марко Колев не завршуваат тука затоа што претпријатието Дервен воопшто нема регистрирано дејност за бележење на патишта, а илјадници евра се дадени бадијала. Потписник на одлуката е претседателот на Советот на општина Велес е Зоран Љутков.

Во Централниот регистар ЈКП Дервен нема регистрирано дејност сообраќаен инжењеринг што значи дека легално Дервен не може да се бави со цртање на хоризонтална сигнализација.

Ваквата новонастаната ситуација, но и фактот што МВР и обвинителството веќе постапуваат по допрен глас по однос на набавката на ваквата механизација, предизвикала вистинска паника кај Колев и неговиот кабинет.

Да се потсетиме дека ваква механизација набавиле и други општини со кои раководат градоначалниците на Мицкоски. Машина за бележење на хоризонтална сигнализација во Општина Битола е набавена за рекордни 2 милиони и 950 илјади денари односно повеќе од 50 илјади евра, покажуваат податоците од јавните набавки.

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР КОНЕЧНО ОСЛОБОДЕН – Неверојатно што барале од него да направи пред да го ослободат германските царинарници

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер (76 г.) претходниот ден беше приведен на аеродромот во Минхен […]

Апасиев: Промената на името е шверцерски процес – Левица може да го врати

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието Димитар Апасиев зборуваше за промената на […]

Скандал во Велес: Прептријатието за кое е набавено „тракторчето“ нема регистрирано дејност за бележење на патишта – илјадници евра се дадени бадијала

Со сериозни проблеми се соочува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев откако Инфомакс […]

ВЕЛЕС ПРЕД ПРЕДИЗВИК! Колев на чекор од издавање дозвола за преработка на отровната згура од велешката топилница

Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б еко-дозвола […]

Арсовска со „Нова Алтернатива“: Лек за ракот на македонското општество и вистински патриотизам! (интегрален текст од изборот за претседател)

Почитувани, Пред сѐ сакам да ви се заблагодарам на сите делегати, на сите […]

Јавно претпријатие од Битола набавило „тракторче“ за 2.950.000 денари од фирмата „ФИРСТ-ИНГ“ ДОО увоз-извоз Скопје. Исто такво чини драстично помалку на онлајн сајтови од каде може да се набави иста ваква, или слична механизација. Симптоматична е цената на „тракторчето“, особено доколку се погледне набавката на слична или иста ваква механизација. Останатите општини, иако набавиле ваква механизација за високи суми, тие повторно се драстично помали од набавката која ја направило претпријатието од Битола и Општина Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK