мај 4, 2026

Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б еко-дозвола за преработка на згурата од велешката Топилница. Имено, во процесот на консултации е вклучена консултантската куќа G-KONSULT од Скопје, којашто се поврзува со Мартина Блинкова-Дончевска, внука на генералниот Инспектор за животна средина Дарко БЛИНКОВ. Дарко Блинков, виш член на Државниот инспекторат за животна средина, се очекува да изврши инспекциски надзор во КЕПС МОНТ. Оваа фирма беше бранета од неговата внука на јавната расправа, што ја иницираше советничката група на Левица во Велес.

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР КОНЕЧНО ОСЛОБОДЕН – Неверојатно што барале од него да направи пред да го ослободат германските царинарници

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер (76 г.) претходниот ден беше приведен на аеродромот во […]

Апасиев: Промената на името е шверцерски процес – Левица може да го врати

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието Димитар Апасиев зборуваше за промената […]

Скандал во Велес: Прептријатието за кое е набавено „тракторчето“ нема регистрирано дејност за бележење на патишта – илјадници евра се дадени бадијала

Со сериозни проблеми се соочува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев откако […]

ВЕЛЕС ПРЕД ПРЕДИЗВИК! Колев на чекор од издавање дозвола за преработка на отровната згура од велешката топилница

Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б […]

Арсовска со „Нова Алтернатива“: Лек за ракот на македонското општество и вистински патриотизам! (интегрален текст од изборот за претседател)

Почитувани, Пред сѐ сакам да ви се заблагодарам на сите делегати, на […]

Ваквата ситуација предизвикува загриженост поради потенцијален конфликт на интереси, како одраз на врската држава-бизнис во рамките на Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина. Надлежноста за работа на оваа компанија е во рацете на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој одби да присуствува на јавната расправа со експертите.

,,КЕПС МОНТ”, кој по втор пат бараше Б интегрирана еколошка дозвола, претходно доби дозвола од 2019 до 2023 година. Меѓутоа, во тој период беа отстранети само 0,025% од вкупно 2 милиони тони згура, а дестинацијата беше Куала Лумпур, Малезија. Новата дозвола има за цел да ги прошири активностите, вклучувајќи мелење и дробење на теренот на згура за продажба како вештачка минерална суровина. Но, отпадот содржи опасни метали како што се цинк, олово, кадмиум, бакар, арсен, индиум и талиум.

Левица остро се спротивставува на издавањето на дозволата од страна на градоначалникот Марко Колев, сметајќи дека тоа е тежок чин на непочитување на граѓаните на Велес. Иако експертската и граѓанската јавност едногласно беше против издавањето дозвола за време на јавната расправа, постои притисок да се отвори оваа еколошки чувствителна локација, која се смета за жешка еко-точка во Република Македонија.

Соопштение на политичка партија Левица

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK