мај 4, 2026

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА У.О. НА СОТУ “ЃОРЃИ НАУМОВ”.
ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА

В.Д. директорката на Техничкото училиште Жанета Сервини по низата скандали кои ги направи до сега, а за кои Левица во неколку наврати јавно бараше нејзино разрешување, сега ги остави вработените без плата.

Сервини без трошка одговорност, срам и почит ги остави колегите без плата и сето ова во договор со нејзиниот ментор Коњановски.

Левица: Кривична пријава за Претседателот на У.О НА СОТУ “ЃОРЃИ НАУМОВ”

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА У.О. НА СОТУ “ЃОРЃИ НАУМОВ”.ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА […]

Израел продолжува со офанзивата во Газа, во изминатите 24 часа загинаа 165 Палестинци

– Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година […]

Ова се сите датуми на ретрограден Меркур во 2024: Еве кога ќе почне и кој ќе биде најмногу погоден

Во астрологијата, Меркур е една од најважните планети кои влијаат на нашите животи поради […]

Јапонската лунарна сонда слета на Месечината

 – Јапонија успешно спушти лунарна сонда на Месечината, соопшти денес Јапонската вселенска […]

Зошто е важно да пиете многу вода дури и во зима?!

Внесувањето доволно вода во зима е исклучително важно иако можеби не изгледа […]

Таа докажа дека е способна само за скандали. Сервини иако знаеше дека нејзиниот мандат е до 13.01.2024 год. не превзеде ништо да не ги остави вработените без плата. Таа знаеше и дека нејзиниот ментор Коњановски неможи по четврт пат да и даде в.д. мандат затоа што поради неспособноста на Коњановски, МОН му ги одзеде ингеренциите за именување директор.

Најмалку што можеше Сервини да направи беше да овласти службено лице кое ќе потпише плата после завршувањето на нејзиниот мандат.

После злоупотребата на ученици сега ги злоупотреби и колегите.Сервини со согласност од нејзиниот ментор Коњановски објави незаконски оглас за директор со нелегитимен Училишен одбор со тројца разрешени членови од страна на Советот на Општина Битола што е потврдено и објавено во Службен гласник на Општина Битола бр.12 од 4.9.2023 год. каде што јасно стои дека одлуката стапува во сила со објавувањето во Службен гласник.Постапката за оглас за директор е започната на 29.11.2023 година, а новоименуваните членови во Училишниот одбор се известени и поканети на 1.12.2023 год. Јасно е дека седницата на У.О. од 29.11.2023 година е свикана нелегитимно со тоа што Левица ќе поднесе кривична пријава до претседателот на У.О. Николче Сотировски и ќе побара да се поништат сите одлуки шти ги донел овој Училишен одбор после 4.9.2023 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK