мај 4, 2026

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој вчеравечер беше дел од тешката сообраќајка кај Табановце, во која загина жена, останува во Македонија до крајот на процедурата на обвинителството.

Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен, вели Ѓорѓе Давид, додавајќи дека сè уште не може да се соземе.

Неговиот автомобил е целосно уништен, а тој има расекотини на раката.

Првата слика од синот на Милош Биковиќ: Ивана објави слика која ќе ви го стопли срцето

Вереницата на популарниот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, ја објави првата фотографија од […]

Ѓорѓе Давид: Уште сум во шок, досега не сум згазнал ни куче

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој вчеравечер беше дел од тешката сообраќајка кај […]

Во Германија во текот на викендот, повеќе од 1,4 милиони луѓе демонстрираа против екстремната десница

–  Повеќе од 1,4 милиони луѓе од петокот демонстрираа во десетици градови низ […]

Африка пред голема војна? Етиопија сака пристап до морето, Египет застана на страната на Сомалија

Египет нема да дозволи никаква закана за Сомалија или нејзината безбедност, изјави […]

На Ѓорѓе Давид му е забрането да ја напушти Македонија: Еве каде е рокерот во моментов и што го чека во наредните денови

Ѓорѓе Давид бил учесник во верижен судир во Македонија, кога покосил жена (49) која […]

Синоќа имав еден слом, сега се потсмирив. Никогаш во животот не сум згазнал ни куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол, вели рокерот. состојба.

Кумановското обвинителство извршило увид во сообраќајната несреќа што се случи вчера пред граничниот премин Табановце во која загина 49-годишна жена од Куманово.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до несреќата дошло така што прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски таблички бидејќи едн од возилата влегло на автопат од недозволена насока, а откако жената излегла од автомобилот, во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, „Фолксваген поло“ со кумановски и „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „Опел инсигниа“ со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, соопшти Обвинителството.

Обвинителството издало наредба за обдукција на починатата и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментот се хоспитализирани со полесни повреди. Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Претходно СВР Куманово информираше дека во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20 часот учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

 Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н. констатирани во болницата во Куманово.

Дел од српските медиуми пренесоа информација дека во несреќата учествувал српскиот музичар Ѓорѓе Давид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK