мај 4, 2026

Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.

Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.

Првата слика од синот на Милош Биковиќ: Ивана објави слика која ќе ви го стопли срцето

Вереницата на популарниот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, ја објави првата фотографија од […]

Ѓорѓе Давид: Уште сум во шок, досега не сум згазнал ни куче

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој вчеравечер беше дел од тешката сообраќајка кај […]

Во Германија во текот на викендот, повеќе од 1,4 милиони луѓе демонстрираа против екстремната десница

–  Повеќе од 1,4 милиони луѓе од петокот демонстрираа во десетици градови низ […]

Африка пред голема војна? Етиопија сака пристап до морето, Египет застана на страната на Сомалија

Египет нема да дозволи никаква закана за Сомалија или нејзината безбедност, изјави […]

На Ѓорѓе Давид му е забрането да ја напушти Македонија: Еве каде е рокерот во моментов и што го чека во наредните денови

Ѓорѓе Давид бил учесник во верижен судир во Македонија, кога покосил жена (49) која […]

Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.

Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.

На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.

Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK