Аргентинецот Рикардо Гарека е новиот селектор на Чиле.
„Страст и искуство… Рикардо Гарека ќе го предводи Чиле во претстојните предизвици. Повелете професоре“, изјавија од ФС Чиле.
Гарека ќе го води Чиле на Копа Америка 2024 и во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Тој на клупата на Чиле го наследи Едуардо Берисо, кој во ноември минатата година поднесе оставка.
Чиле е осми во квалификациите за Светското првенство со скромни пет бода.
The post Аргентинецот Гарека е новиот селектор на Чиле appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
