мај 5, 2026

Третиот тенисер во светот Даниил Медведев испрати чудна порака по пресвртот на кариерата против Александар Зверев 5:7, 3:6, 7:6, 7:6, 6:3 во полуфиналето на Австралија Опен.

Со овој триумф Медведев закажа финален меч со Јаник Синер кој ќе се одигра в недела.

По победата, Медведев напиша порака на камера која обично не ја гледаме.

„Не спиев доволно, но сеедно“, се пожали Русинот на заморот.

Медведев губеше 2:0 во сетови против Зверев. На нереален начин успеа да израмни, а во третиот и четвртиот сет излезе како победник по тај-брејкот. Откако имаше двојна сервис грешка при 4:4 во четвртиот сет во тајбрејкот, тој веќе беше на прагот на елиминација. Два поени подоцна го изведе веројатно најдоброто враќање на турнирот.

The post (Фото) Медведев испрати чудна порака по пресвртот на кариерата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK