мај 5, 2026

Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, се наведува на веб-страницата на магазинот Форбс.

Според Форбс, богатството на Арно пораснало за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари.

Илон Маск падна на второто место со неговите компании Tesla и SpaceX кои му помогнаа да оствари нето вредност од 204,5 милијарди долари

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK