мај 5, 2026

Атлетико Мадрид го претстави второто засилување во зимскиот преоден рок.

По голманот Хорасио Молдаван, во Мадрид пристигна и поранешниот фудбалер на Антверпен, Артур Вермерен (18).

Вермерен веројатно е најталентираниот играч за врска во Европа, тој е вистинско откровение во европскиот фудбал, постигна гол против Барселона во Лигата на шампионите и беше капитен на тимот, а веќе и дебитираше и за репрезентацијата на Белгија.

„Јорганџије“ за Вермерен платија 27 милиони евра, а фудбалерот потпишал договор до летото 2030 година.

Вермерен во Белгија го нарекуваат малиот Де Брујне.

The post Атлетико го потпиша „малиот Де Брујне“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK