мај 5, 2026

Арина Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен. Тенисерката од Бедлорусија во финалето ја победи Кинвен Женг од Кина со 6:3, 6:2.

Сабаленка во финалето влезе како апсолутна фаворитка и таа улога ја во целост ја оправда. Женг, првата тенисерка од Кина, по Ли На, која успеа да влезе во финалето на Австралија опен, немаше никакви шанси во борбата за трофејот.

Сабаленка, во раната фаза од првиот и вториот сет успеваше да направи брејк, а останатото беше чиста рутина. Мечот во Мелбурн траеше 76 минути.

Белорусинката ја освои втората грен слем титула во кариерата, но и покрај тоа ќе остане втора на ВТА листата, зад Ига Швјонтек. Женг благодарение на пласманот во финалето за прв пат во кариерата ќе биде дел од Топ 10 на ВТА листата.

The post Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK