мај 5, 2026

Изабела Рајт (26) доживеа тежок пад за време на скијањето во спуст за Светскиот куп во Кортина д’Ампецо, Италија. Американката, која имаше стартен број 3, при влегување во кривината падна и удри во заштитната ограда. Останала да лежи додека пристигнала помош, а потоа со хеликоптер била пренесена во болница.

Трката продолжи по десет минути, а подолу е видеото од падот. Вкупно десет скијачи не ја завршија трката. Победата и припадна на Норвежанката Рагнхилд Мовинкел (1:33.50). Втора беше Американката Џеклин Вајлс (+0,35), а трета Италијанката Софија Гоџа (+0,44).

Да потсетиме, во петокот на истото место како Рајт падна и најдобрата скијачка во светот Микаела Шифрин. Американката која е убедливо лидер во Светското првенство стартуваше осма. По 20-ина секунди и скок на влезот во кривината изгуби контрола над скиите и заврши во заштитната ограда.

The post (Видео) Уште еден тежок пад на скијачка: Американката со хеликоптер префрлена во болница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK