мај 5, 2026

Лајпциг доживеа тежок пораз на гостувањето во Штутгарт, а најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен на „мускули“ победи во малото баварско дерби кај Дармштад.

Штутгарт со 5:2 го победи Лајпциг и се зацверти на третото место на табелата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој на почетокот на овој месец се пресели во Лајпциг, играше од 77 минута.

На Лајпциг му пресуди Денис Ундав со хет-трик. По еден гол за „швабите“ постигнаа Милот и Левелинг. Стрелци за „биковите“ беа Шешко и Опенда.

Баерн во Аугсбург имаше многу среќа и победи со 3:2. Домашните фудбалери во 88.минута не реализираа пенал, а потоа добија уште еден во 94.минута кога Демировиќ го постави конечниот резултат.

Стрелци за Баерн беа Павловиќ, Дејвис и Кејн.

Вердер забележа значајна победа од 2:1 во дуелот со Фрајбург, а со резултат 1:1 завршија натпреварите Хофенјахм-Ханденхајм и Волфсбург-Келн.

The post (Видео) Штутгарт го декласира Лајпциг, хет-трик на Ундав appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK