мај 5, 2026

Украинските власти денеска соопштија дека Русија не доставила веродостојни докази за да ги поткрепи своите тврдења дека украинските вооружени сили собориле воен транспортен авион со украински воени заробеници кои требало да бидат разменети за руски воени заробеници.

Украинската агенција за размена на затвореници соопшти дека Русија „задоцнето“ им доставила список од 65 Украинци за кои Москва вели дека загинале во авионската несреќа во средата во рускиот регион Белгород.

Украинскиот координативен штаб за воени заробеници соопшти дека роднините на споменатите воени заробеници не биле во можност да ги идентификуваат нивните најблиски на фотографиите од местото на несреќата што ги обезбедија руските власти. Подоцна, првиот човк на военото разузнавање на Украина, Кирил Буданов, кажа дека Киев нема потврдени информации за тоа кој се наоѓал во авионот.

„Во моментов немаме докази дека можело да има толку многу луѓе во авионот. Тврдењето на руската пропаганда дека авионот Ил-76 превезувал 65 украински воени заробеници (на пат кон размена на затвореници) продолжува да покренува многу прашања“, истакна Кирил Буданов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK