ноември 24, 2024

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков утрово се појави во суд на рочиштето за Титаник 2, кој исто како и „Таргет-тврдина“ почна од почеток. Новинарот на А1он.мк Кристијан Ландов, при влезот на Мијалков во суд го праша дали е вистина дека доаѓа од хотелот Мериот, а не од затворот во Струга, каде што треба да е сместен и како успеал да го надмудри целиот судски систем. Се разбира, ниту на едно од овие прашања Мијалков не даде одговор.

Случајот „Титаник 2“ се актуализира во јавноста откако на рочиште закажано за 22 декември тој не беше спроведен од струшкиот затвор.

За ова дело во април 2023 година ќе настапи застарување. Судењето сега е во доказна постапка, останува да се испитаат уште неколку сведоци, меѓутоа и во случај да се донесе првостепена пресуда во Кривичен, прашање е колку Апелација ќе успее да донесе одлука по евентуалните жалби ако се земе предвид долготрајноста на постапките пред второстепениот суд.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK