Командир, заменик командир и осум полицајци вчера се уапсени на граничниот премин Табановце, дознава неофицијално „А1он“. Претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.
Според неофицијални информации, МВР која правеше претреси во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пронашла пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.
Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд. Тие негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. До вчера на полноќ, освен полицајците, нема цариници кои се уапсени.
Обвинителството бара мерки за обезбедување присуство, а полициските службеници беа спроведени во Кривичен суд.
Се уште не се соопштени детали од надлежните институции. Првите информации се очекуваат од брифингот на МВР со новинари, кој треба да се одржи денеска.
Следете не, не има насекаде