Кинсли Коман ги повреди лигаментите на левото колено на вчерашниот натпревар и победата на Баерн во Аугсбург (3:2).
Според медиумите тој ќе биде надвор од терените околу два месеци. Под знак прашалник е неговиот настап на пријателските натпрвари за Франција против Германија и Чиле, кои ќе се играат на крајот на март.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, 27-годишниот кој ја освои шампионската титула со клубовите за кои настапуваше во секоја од неговите професионални сезони, одигра 15 првенствени натпревари за Баерн оваа сезона
Постигна три и забележа две асистенции. На шест натпревари во Лигата на шампионите постигна два гола.
The post Баерн без Коман во наредните два месеци appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
