мај 5, 2026

Денеска (28.01.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Гевгелија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои 9 за возење без возачка дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 7 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 1 возило за техничка неисправност, 2 возила привремено одземени по чл. 344 од ЗБСП итн. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK