Фудбалерите на ДР Конго се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации (КАН) во Брегот на Слоновата коска.
Во Сан Педро на пенали го елиминираа најтрофејниот тим во Африка, Египет. Натпреварот во 120 минути игра заврши без победник 1:1, а пенал серијата Конгоанците ја добија со 8:7.
ДР Конго влезе во натпреварот и поведе преку Виза во 37. минута, осум минути подоцна ослабениот Египет, без повредениот Мохамед Салах, израмни со голот на Мустафа Мухамед од пенал.
Во дополнителните 30 минути Египет од 97.минута играше со фудбалер помалку бидејќи Хамди беше исклучен.
Трагичари на Египет се Мустафа Мухамед и Габаски, кои промашија пенали во втората и деветтата серија. Промашувањето на Масуаку во втората серија не ја чинеше ДР Конго.
Тоа значи и дека заврши турнирот за најдобриот играч во Африка Мохамед Салах. Тој се врати во Ливерпул за да ја санира повредата, но постоеше можност да се врати и да игра во полуфиналето.
ДР Конго во четвртфиналето ќе игра против Гвинеја.
The post (Видео) Египет испадна од КАН, трагичар е голамнот Габаски appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
