мај 6, 2026

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.

Неговата ќерка, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот фејсбук профил преку емотивна објава му го честиташе орденот на нејзиниот татко.

„Уметниците живеат со сето срце во своите гради. Живеат за аплауз, за уште една премиера, за уште еден лик, за уште една Партија реми. И со ништо и за ништо не би го замениле тој живот. Како што и тој за мене е единствен. Мојот татко, ваш Ѓокица Лукаревски. Честитам тато и им честитам на сите кои денеска беа одликувани од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Добро е кога уметници добиваат ордени. Како ним најмногу да им прилегаат“, напиша Лукаревска.

The post Уметниците живеат со сето срце во своите гради: Лукаревска му го честиташе Орденот за заслуги на нејзиниот татко Ѓокица Лукаревски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK