мај 6, 2026

Пропадна најавениот трансер на напаѓачот Мојсе Кин од Јувентус во Атлетико Мадрид. 23-годишниот требаше да биде дел од Атлетико во вториот дел од сезоната.„Јорганџиите“ на ЈУвентус се согласија да му платат 500.000 евра.

Мојсе Кин, во саботата допатува во Мадрид, во неделата го гледаше натпреварот Атлетико-Валенсија (2:0), но два дена подоцна не ги мина лекарските прегледи. Медицинскиот тим на Атлетико на лекарските прегледи утврдил дека Кин нема да може да игра во следниот месец.

Кин има повредена тетива и последен пат играше на 8 декември против Наполи. Сезонава на 12 настапи за „старата дама“. Во својата кариера настапуваше за Верона, Евертон и ПСЖ, а според „Трансфермаркт“ вреди 18 милиони евра.

The post Пропадна трансферот на Кин во Атлетико appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK