мај 6, 2026

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица “Борис Кидрич” во Тетово, по распишана потрага и со судска наредба, го привеле 43-годишниот тетовец Д.М., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Набргу, Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Тетово” во Тетово за издржување на казната.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK