мај 6, 2026

Софи Тарнер во својата најнова објава на Инстаграм ја потврди врската со 29-годишниот аристократ Перегрин Пирсон.

Таа објави фотографии од скијање каде парот бил со пријателите. 27-годишната актерка не откри каде точно биле на одмор, но нејзините фанови во коментарите шпекулираа дека тимот најверојатно е во Австрија или Швајцарија.

За потсетување, Софи и Перегрин ги поттикнаа гласините за врска на крајот на минатата година, откако беа снимени како се бакнуваат на улиците на Париз. Ова беше само два месеци откако актерката објави дека се разведува од Џо Џонас.

29-годишниот Перегрин Пирсон многумина го нарекуваат најпосакуваниот британски ерген. Тој е наследник на четвртиот виконт Каудреј, а неговото семејно богатство се проценува на 224 милиони фунти. Перегрин се раздели од принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска минатиот септември.

The post Софи Тарнер отиде на скијање со британски аристократ и ги потврди гласините за врска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK