ноември 10, 2024

 Полицијата во Хаг соопшти дека денеска уапсила околу 1.000 климатски активисти поради повторно блокирање на главниот градски автопат, јави ДПА.

Минатата година, климатската група Extinction Rebellion (XR) го блокираше автопатот А12 во Хаг десетици пати за да побара од Холандија да ги намали сите државни субвенции за фосилни горива како јаглен, нафта и гас.

Градот соопшти дека автопатот ќе биде исчистен, а потоа повторно отворен за сообраќај.

За нешто повеќе од една недела актуелниот холандски министер за енергетика, Роб Јетен планира да достави предлози до идната влада за намалување на субвенциите.

Големо мнозинство во холандскиот парламент во октомври гласаше за намалување на државните субвенции за фосилни горива и ја повика владата да даде конкретни предлози пред крајот на 2023 година.

Јетен вчера побара од климатските активисти „неколку дена трпение“. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK