септември 20, 2024

Денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Една дама ќе остане запишана како жената која Гоце најмногу ја сакал – Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 – 3 март 1920).

Таа е позната како македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.

Родена е во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев.

Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓу другото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата.

Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков. Се вели дека биле многу вљубени и дека тој често ја посетувал но и дека поради воената ситуација немале многу можност за заеднички мигови.

Вереницата на Делчев кога дознала за неговата смрт следните неколку години ќе ги помине во црнина, иако била девојка; тој и таа си имале дадено збор само меѓу себе, без обврски и без сведоци.

Потоа се мажи за друг, му раѓа деца, но ќе остане запишана како жената која Гоце најмногу ја сакал.

The post 152 години од раѓањето на Гоце Делчев: Која била неговата несудената свршеница – Јустинијана Каневчева Герџикова? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK