септември 20, 2024

Челси во 23.коло, во Премиер лигата, доживеа нов дебакл на „Стенфорд Бриџ“. Вулверхемптон победи со 4:2, благодарение на Матеус Куња. На „Олд Трафорд“, во Манчестер, Јунајтед лесно го победи Вест Хем со 3:0. Без победник 1:1, заврши натпреварот Борнмут-Нотингем Форест.

Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ започна идеално за Челси. Брилијантната асистенција на Каиседо во 19.минута во гол ја претвори Кол Палмер. Кошмарот на Челси започна три минути подоцна кога Матеус Куња го постигна првиот од трите гола. До крајот на полувремето, Дисаси го совлада голманот Петровиќ.

Во вториот поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид постигна уште два гола, конечниот резултат 2:4 го постави ветеранот од Челси, Тијаго Силва.

Во Манчестер, Јунајтед за разлика од Вест Хем знаеше да ги искористи своите шанси. Хојлунд 21. роденден го прослави со гол. Тој ја отвори серијата, која со головите во 49. и 84.минута ја затвори Аргентинецот Гарначо.

The post (Видео) Нов дебакл на Челси, Јуанјтед лесно со Вест Хем appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK