септември 20, 2024

Годинава ќе се потрошат, односно ќе се позајмат уште 50 милиони евра од кинеската Ексим Банка за доизградба на автопатот Кичево – Охрид, пишува во објавената програма на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за 2024.

„Кредит од Ексим Банка во износ од 3.100.000.000 денари за финансирање на изградба на автопат Кичево – Охрид“, пишува во документот во кој се предвидени сите трошоци на јавното претпријатие до крајот на оваа година.

Од друга страна, за проектот со Коридорот 8 и Коридорот 10Д, каде „Бехтел и Енка“ ќе гради три автопатски делници предвидени се 250 милиони евра од буџетот, но и уште околу 25 милиони евра непотрошени од минатата година, така што за оваа намена предвидени се околу 275 милиони евра за 2024.

Владата пред крајот на минатата година ангажираше ФИДИК експерт кој требаше да каже дали да се менува нешто во начинот на финансирање и доизградба на автопатот Кичево – Охрид, но на крајот одлучи да почнат преговори со постојаниот изведувачот за склучување анекс на договор за да се продолжи рокот за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства.
Фактор Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK