септември 20, 2024

Новиот тарифник, кој стапи на сила од пред пет дена, е изненадувачки удар по џебот на младите кои планираат да стапат во брак.

Поскапувањето на услугите за склучување на брак на терен ги изненади идните младоженци. Тоа доаѓа поради зголемувањето на просечната плата во земјава.

Па така, ако според стариот тарифник, склучувањето на брак на терен од понеделник до петок чинело 3736 денари, сега тоа ќе чини 4765 денари.

За време на викенди и државни празници старата цена била 7472 денари, а новата цена е за над 3.000 денари повисока и изнесува 10.484 денари.

Луѓето кои уплатиле пред донесување на новиот тарифник, им стигнало известување дека мора да доплатат ретроактивно, со цел израмнување на цените со новиот тарифник. Првиот човек на Управата, Емир Сулејмани ни истакна цените мора да се прилагодат со новиот тарифник, според правилникот на Управата од 2011 година.

Инаку, кога станува збор за склучените бракови во Македонија, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека, тој се намалил во 2023 година и лани имало 12.882 бракови, што е за 3.4 отсто помалку во споредба со 2022 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK