септември 20, 2024

Русија: Режимот на Албин Курти премина во етничко чистење на Србите

Криминалниот режим на владата на Албин Курти премина на активно […]

Турскиот производител на дронови Бајкар почна да гради фабрика во Украина

– Турската компанија Бајкар почна со изградба на фабрика во […]

Нови 30 дена притвор за осомничените за убиството на Вања и Панче

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината осомничените во случајот […]

Боб Марли еднаш беше прашан дали е богат човек: Тој даде прекрасен одговор (видео)

Легендарниот Боб Марли беше фантастичен музичар, а со својата музика и размислувања […]

Захарова ја исмеа Урсула фон дер Лајен: Дали и Земјата ротира по наредба на Москва?

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја […]

Криминалниот режим на владата на Албин Курти премина на активно етничко чистење на Србите, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги антисрпските чекори на косовските власти.
„Криминалниот режим на премиерот Курти дефинитивно премина на активно антисрпско етничко чистење – прогон на Србите од нивните оригинални територии. На овој начин Приштина се обидува да избегне исполнување на своите обврски, пред сè, формирање на заедница на српски општини“, изјави Захарова.

Според неа, позицијата на Србите на Косово од ден на ден се влошува, а кршењето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН стана „темна рутина“. Нивото на меѓуетнички тензии драстично се зголемува.

Се вршат и незаконски претреси, се одземаат документи и пари, се приведуваат вработени, се измислуваат кривични предмети, изјави Захарова.
Западот, охрабрувајќи го Курти, се обидува да го казни Белград за неговата решеност да го брани националниот суверенитет и правото да води независна политика, како и за неговата решителност да ги зачува пријателските односи со Русија и другите земји кои се надвор од евроатлантската орбита, заклучи портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK