септември 21, 2024

Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да вклучи милијарди долари итна помош за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.

Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен, пренесува АП.

СО ГОДИНИ РАБОТЕЛ ПРЕКУВРЕМЕНО ПА ДОБИЛ ОТКАЗ КОГА СЕ РАЗБОЛЕЛ: Пекар добил 27.000 евра отштета

Австриските медиуми јавуваат дека Комората на труд во Австрија заклучила дека тој […]

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен пекол“

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти ширум светот е „ смртоносен […]

Зеленски ја доби најлошата можна вест! Републиканците го блокираа законот за милијарди за Украина и Израел!

Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да […]

25-ГОДИШЕН МАЖ ЗАТВОРЕН ВО ТЕЛО НА БЕБЕ! Неговите родители немаат пари, а се започнало кога имал 5 години: МАЈКА ГО НОСИ НАСЕКАДЕ

Рави Кумар е чудо на природата! Овој млад човек е висок само […]

Откако Американците ги отпишаа, ВМРО-ДПМНЕ на прослава во организација на кинеската амбасада

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на […]

Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.

Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но се откажаа од тој компромис оваа недела набргу по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен.

Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.

Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.

Пакетот помош за Украина во износ од околу 60 милијарди долари е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната во Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK