септември 21, 2024

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на партијата, Жаклина Пешевска, денеска заедно со членови на партијата присуствуваше на прославата на Кинеската нова година во организација на кинсеката амбасада во Македонија.

За ова на Фејсбук се пофали и самата пратеничка.

На прославата биле присутни и градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно во изјави за медиумите и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и вице-премиерот Груби истакнаа дека има странско влијание во некои политички субјекти во државава. Дополнително, претодно на американската црна листа се најдоа лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Кочо Анѓушев кој во последните две години има добиено низа милионски тендери од општините кои ги раководат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK