септември 21, 2024

 Класичен фејк и пропаганда за косовскиот премиер Аљбин Курти за наводен атентат. Додека тој се забавуваше во сокпската кафеана „Стара куќа“, косовските медиуми спакуваа фејк информација за наводни сознанија за атентат врз Курти. Истата информација ја зачинија и од кабинетот на Курти , а лековерните copy/paste  медиуми ја пренесуваа инфомацијата во лов на кликови

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за „многубројни закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“, пренесува Радио-телевизија на Косово (РТК) и додава дека „има информации за обид за атентат врз Курти“.

 https://twitter.com/i/status/1756083230871089404

https://x.com/Avtonomen1913/status/1756083230871089404?s=20

„Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека имаше многу полициски сили кои беа загрижени за состанокот што го одржавме, каде специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбејл“, рече Курти, а пренесува овој медиум.

РТК пишува дека „сигурни извори од безбедносните институции на Косово“ им соопштиле дека веднаш по седницата на Советот за безбедност на ОН добиле информација дека „Србија се обидува да го убие Курти во Скопје“.
Македонското министерство за внатрешни работи ги отфрли сите шпекулации:
Почитувани, Ве известуваме дека при посетата на премиерот на Република Косово, Албин Курти, во Скопје, немало обид за атенатат врз него. Што се однесува до обезбедувањето при посетата на премиерот Курти, тоа е организирано по однапред пропишани правила и безбедносни проценки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK