септември 21, 2024

Најмалку две возила со приватни регистерски таблички ја минуваат патарината на автопатот Скопје – Тетово без да платат патарина.
Ова се гледа на видео објавено на Х (Твитер) на кое се забележува дека возилата воопшто не застануваат туку ја користат крајната десна лента каде најчесто минуваат полициски, воени или амбулантни возила.
Тоа што не застануваат на наплатната рампа значи дека вработените на патарината знаат за кого се работи и однапред ги креваат рампите со цел тој што се вози да не пати патарина и воопшто да чека да се крене рампата како што е за сите други возачи.
Според коментарот на видеото се работи за возила со кои се транспортира лидерот на ДУИ Али Ахмети кој не е државен функционер и се вози во приватни возила кои мораат да платат патарина.
Засега нема официјалн потврда чии се возилата и зошто тие не плаќаат патарина кога десетици илјади луѓе секојдневно плаќаат за да можат да ги користат автопатите.
Возилата се многу слични на возилата од видеото што беше објавено пред еден месец во кое се гледаше како придружбата на Али Ахмети се движи низ Косово со помош на флешери кои се забранети за приватни возила во Македонија.

Спијте мирно додека Аљи Ахмети се грижи за вас порача Артан Груби и не плати патарина јер се главни. Блиску е 8 Мај баба… pic.twitter.com/1piEI99sHw
— ХаНа (@HaNa_Taurus666) February 10, 2024

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK