Џерар Пике доби двомесечна суспензија откако вербално му се заканил на судијата по натпреварот помеѓу Андора и Албасете.
Поранешниот играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, денес косопственик на Андора, реагирал бурно по поразот на неговиот тим од 1:0, а судијата Алонсо де Ена Волф ги внесе неговите навреди во официјалниот извештај.
Според арбитарот, Пике му рекол: „Движи се со придружба за никој да не те нападне“, како и: „Во друга земја би те претепале, но тука во Андора сме цивилизирани“.
Дисциплинската комисија на Шпанската федерација го казни за „јавно однесување што го нарушува спортското достоинство и углед“.
Во инцидентот биле вклучени и други членови на Андора – претседателот на клубот Феран Виласека беше суспендиран четири месеци, додека казна доби и спортскиот директор Хауме Ногес.
Андора моментално е на 10-то место во втората шпанска лига.
За време на својата кариера, Пике освои девет титули во шпанското првенство и три титули во Лигата на шампионите со Барселона, како и Светското и Европското првенство со шпанската репрезентација.
Foto/ Depositphotos
The post Пике суспендиран, му се заканувал на судија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
