септември 21, 2024

Лидерот на Левица Димитар Апасиев сподели статус на социјалните мрежи во кој го обвинува новинот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Панче Тошковски пред 3 дена објавил дека важат возачките, за денес МВР да пушти соопштение дека не важат?!

Грција една табла нема сменато, ама домашните вазали истрчаа да казнуваат граѓани без Северна! Откако ги поскапија личните документи, сега ќе фрчат казни за возачки без Северна. Предизборно полнење на буџет, додека Спасовски “ветуваше” дека ниту еден граѓанин нема да е казнет.

Затоа тврдевме дека Преспански договор е директен УПАД во внатрешните работи на државата и рушење на правото на самооопределување, како неприкосновено право на секоја нација. Сега странска држава известува други држави дека личните документи на Македонија не важат.

Кога судовите ќе се ослободат од диктатурата под која се заковани, најпрво треба КРИВИЧНО да се гонат сите учесници во Преспанскиот договор, кои Македонија ја ставија во директна потчинетост на друга држава (како и новокомпираниве “освестени патриоти” од ковот на Димитров и Максим)!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK