септември 22, 2024

Катица Јанева доби привилегија со која од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Ова е овозможено бидејќи одлежа поголем дел од казната, речиси пет години од досудените седум.

Информацијата за ,,Фокус” ја потврдил Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.
Поранешната обвинителка работи во адвокатската канцеларија на својот син, Лазар Јанев. Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.

Таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од 7 години беше преместена во ,,Идризово”.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK