септември 22, 2024

Нема бесплатни сообраќајни во станиците за технички преглед. По најавата дека замената со новото уставно име ќе биде на товар на државата, граѓаните денеска побрзаа да го земат бесплатниот документ. Но таков, велат не се издава. Одлуката не била пристгната и документот се уште чини околу илјада денари.

Граѓаните ги очекуваат и налепнците со кратенката „НМК“. Дел од станиците уште на влез информираат дека ги нема.

Во меѓувреме досетливите почнаа бизнис. Налепници „НМК“ ги продаваат по 50 денари. Се нудат како отпорни на надворешни влијанија со достава до дома. На телефонот оставен за контакт, продавачите не употребуваат многу зборови.

Во пораки на Вибер објаснуваат дека имаат за сите видови таблици. Прашавме дали може да ги заменат бесплатните од државата, но не беа сигурни. Пишуваат, би требало да може, биле исти.

За граѓаните е прифатливо да платат, бидејќи како што велат, бесплатните ги нема.

Од МВР не одговорија дали налепниците од 50 денари се соодветна замена за тие кои се лепат во станиците за технички преглед. Нема објаснување ниту од кога граѓаните ќе можат бесплатно да ги заменат сообраќајните за своите возила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK