септември 22, 2024

ДУИ дефинитивно со свој кандидат ќе го трча првиот круг од претседателските избори, брифираат партиски извори за дел од медиумите. Се чека само потврда од партиските органи дали тоа ќе биде министерот за надворешни Бујар Османи.

Тој пак за Сител вели дека засега партијата нема дефинитивна одлука ниту за свој претседателски кандидат, ниту за заеднички листи со коалицискиот партнер СДСМ на парламентарните.

Партиските брифинзи пристигнуваат само ден откако шефот на државата одби да го потпише Законот за игри на среќа, кој во собраниска процедура го буткаше токму ДУИ как предизборно ветување. Пендаровски кој засега е најсериозен кандидат на СДСМ за нов мандат, по вчерашната одлука сосема извесно е дека не може да се надева на поддршка од партијата на Ахмети.

Но тој денеска без конкретен одговор на ова прашање.

„Законот го гласаа 55 пратеници. Од тие 55 пратеници за Законот гласаше комплетната пратеничка група на СДСМ, па треба да ме прашате дали очекувам поддршка и од СДСМ. Одлуката ќе биде донесена на 5 до 10 денови“, вели Пендаровски

Според досегашните најави, големо ќе биде избирачкото ливче на 24 април.

ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат ќе го бира на конгрес на почетокот на идниот месец, а кандидати покрај ДУИ, најавуваат и од Европскиот сојуз за промени, Левица ја номинираше професорката Билјана Ванковска, кандидатура најави и докторот Вело Марковски, а кандидати се најавуваат и од ЗНАМ на Максим Димитриевски и од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK